Рубен Дијаз е нов фудбалер на Манчестер Сити откако за 70 милиони евра пристигна од редовите на Бенфика. Дијаз во солзи го напушти „Луж“, но зборовите кои ги изговори легендарниот Жорже Жезус ќе стигнат до секој фудбалски фан во светот.
„Заминуваш од клуб кој е многу поголем од Манчестер Сити. Единствениот проблем во моментов е што е финансиски послаб, но далеку поголем од, малиот Сити“, изјави Жезус.
Покрај 70 милиони евра кои ги доби Бенфика во спротивен правец замина и аргентинскиот одбранбен фудбалер Николас Отаменди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА