Михаел Шумахер повеќе не се опоравува во Швајцарија, туку во шпанска Мајорка. Неговата сопруга Корина во 2017 година на Мајорка купи вила во вредност од 30 милиони евра која претходно била во посед на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Шумахер, по тешката несреќа на скијање, во 2014 се разбуди од вештачки предизвиканата кома и од тогаш се опоравува. Од тогаш во медиумите се појавуваат само шпекулации околу неговата здравствена состојба.
Последните се од сопругата на Флавио Бриаторе која нагласува дека Шумахер мирно се опоравува во Мајорка притоа комуницирајќи единствено со очи. Само три личности може да бидат во негова близина.
„Михаел не зборува, туку комуницира само со очи. Точно се знаат и само три личности кои може да го посетат, и никој друг“ – вели сопругата на Бриаторе, Елизабета Грегораци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА