Стефан Ристовски префрлен меѓу фудбалерите за продавање во Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е на излезна врата од Спортинг Лисабон. Тој неколку дена веќе тренира одвоено од тимот, со фудбалерите кои треба да бидат продадени или отстапени во друг клуб до крајот на летниот преоден рок.

Тренерот Рубен Аморим смета дека Ристовски е меѓу фудбалерите кои треба да си побараат нова фудбалска средина, а клубот ја намали и отштетата за негово заминување. Во минатото Спортинг Лисабон бараше 4 милиони евра за услугите на Стефан Ристовски, а според португалските медиуми сега би дозволиле тој да замине и за помалку од 3 милиони евра.

За Стефан Ристовски се интересираат по два клуба од Италија од Шпанија, Сасуоло и Парма од Апенините, како и Валјадолид и Селта Виго од Пиринејскиот полуостров.

Се вчитува...