Прволигашот Струга Трим Лум одигра пријателски натпревар со Караорман и славеше со 3-0. Тимот на Срѓан Захариевски одлично го стартуваше првенството во Првата лига, а се труди да ја одржи формата и со добри тестови.
Малсор Ајети, Агон Хани и Флорент Османи беа стрелци на головите, а Захариевски им даде минутажа на фудбалерите кои не играа на првенствениот меч против Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА