Мурињо не завршува со трансфери – Милик е последната желба на Португалецот

Англиските тимови покажуваат дека се најстабилни во светот кога се во прашање финансиите. И покрај кризата која е предизвикана од пандемијата од коронавирусот, премиерлигашите не штедеа пари за доведување на фудбалери во летниот преоден рок. Еден од најактивните е и Тотенхем кој досега во своите редови ги довде Бејл, Регуилон, Хојбјерг и Доерти.

Сепак, тука не планира да застане Жозе Мурињо. На големо се зборува дека Карлос Винисиус е веќе пред трансфер во лондонскиот клуб, а желба на Португалецот е и напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик. Тотенхем е подготвен на „наполитанците“ да им плати 25 милиони фунти за услугите на одличниот Полјак.

Милик во Наполи стигна во 2016 година од редовите на Ајакс. За клубот запиша 93 настапи на кои постигна 38 гола.

Се вчитува...