Здружението на 11 кошаркарски лиги во Европа, УЛЕБ, поднесе тужба против ЕЦА, компанијата која ја организира Евролигата, а на чие чело е Жорди Бартомеу. Поранешниот кошаркар на ЦСКА, а сега претседател на УЛЕБ, Томас ван ден Шпигел наведе дека тужбата е поднесена кон Европската комисија, која е со седиште во Брисел. Како што е наведено, УЛЕБ зедно со лигите кои се членки сака да ги заштити спортските принципи на кошаркарската игра.
„Одлуките на ЕЦА имаа големо влијание на календарот на натпреварување во минатите години, а што стана јасно дека ЕЦА и понатаму продолжува со праксата за укинување на местата во своето натпреварување на националните лиги, почувствувавме потреба да реагираме и да преземеме акции како би ги бранеле своите права. УЛЕБ откри дека постои картелски начин на работење и дека се кршат правилата за конкурентност кои се одредени во Европската унија. Затоа УЛЕБ побара од Европската комисија помош како би го истражила случајот ЕСА. Нашата намера не е да ја уништиме Евролигата, туку сакаме спортските мерила да бидат застапени и Евролигата да постои на основ на фер, транспарентни и недискриминирачки критериуми“, стои во соопштението.
(2/5) ULEB’s president @tomasvds delivered the competition complaint against @EuroLeague unfair entry rules to @EU_Competition #fairentryrules pic.twitter.com/eB7pTPxzGF
— ULEB (@ULEB1991) September 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА