Жалгирис ја доби драмата со Олимпијакос во Атина славејќи со 67-68 на стартот од новата сезона во Евролигата.
Во најинтересниот дуел од почетните три во најквалитетното европско клупско натпреварување, Жалгирис до минималната победа дојде по феноменалната последна четвртина која ја доби со 9-21. Јокубаитис со две слободни фрлања на три секунди пред крајот ја донесе победата за Литванците.
Најефикасен кај Жалгирис беше Григонис со 15 поени додека Лаверњ мечот го заврши со 13 поени. Во поразениот состав се издвои Хасан Мартин со 12 поени.
Интересен дуел и во Истанбул каде Анадолу Ефес загуби со 69-73 од руски Зенит, додека Макаби Тел Авив со 80-73 триумфираше против Алба Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА