Ждрепка Лига на Европа: Пелистер во групата на смртта, Металург против Адемар Леон и Тулуз

Македонските претставници во ракометната Лига на Европа ги добија противниците во групната фаза. Битолски Пелистер ќе има навистина тешка задача во групата Д. Битолчани ќе играат против силните Рајн Некар Левен од Германија и Татабања од Унгарија, а од Д сегментот за противници ќе ги имаат швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, данскиот Гог и словенечкиот Тримо Требње кој ќе биде аутсајдер во групата.

За разлика од битолскиот клуб, „Металурзите“ поминаа далеку подобро на денешната ждрепка. Тие во Лигата на Европа ќе играат во групата А каде за противници ќе ги имаат шпански Адемар Леон, полската Висла Плоцк, рускиот Чеховски Медведи, француски Тулуз и австриски Фиверс.

Првите натпревари од групната фаза од Лигата на Европа се закажани за 20. октомври. Четирите најдобро пласирани од секоја група ќе изборат пласман  во осминафиналето од ова натпреварување.

Се вчитува...