Селекторот на фудбалската репрезентација на Косово Бернар Шаланд го објави списокот за бараж натпреварот против Македонија за пласман на Европското првенство 2021 година.
И покрај најавите дека најдобриот фудбалер на Косово, Ведад Муричи може да отпадне за пласман на овој меч поради тоа што е позитивен на коронавирус, сепак тој се најде на списокот на селекторот Шаланд. Селекторот на Косово сепак нема да може да смета на фудбалерот на Вердер Бремен, Милот Рашица кој поради повреда ќе го пропушти овој прозорец.
Селекторот Игор Ангеловски се уште не го објави списокот за натпреварот бидејќи под знак прашалник се Горан Пандев и Елиф Елмас поради бројот на заразени фудбалери во Џенова и Наполи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

