Белградска Црвена Звезда немаше сили да го изненади Фенербахче во премиерниот меч од новата сезона во Евролигата. Турскиот тим беше подобар од „црвено-белите“ со 77-63. Во првата четвртина Турците имаа предност од четири поени (24-20), која до полувремето успеа да стигне до плус дванаесет (42-30). Во вториот дел со добра игра во одбраната тимот од Истанбул успеа да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 77-63. Лоренцо Браун со 17 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека Улановас постигна 13. Кај белграѓани Лојд мечот го заврши со 15 поени, додека Хал уфрли 12.
Во трилер натпревар Панатинаикос успеа да го совлада Химки со 76-78. Двата тима си поделија по две четвртини, а на крајот пресуди малку поголемата концентрација на гостите во финишот на мечот. Јоанис Папапетру со 16 поени, надополнети со осум скока и три асистенции беше прво име во победничкио табор, додека кај поразените Девин Букер мечот го заврши со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА