Басконија ја доби шпанската „војна“ со Реал, Милано по продолженија подобар од Баерн Минхен

Актуелниот шпански шампион Басконија ја доби „војната“ против најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид. Басконија во првото коло од новата сезона во Евролигата славеше над „кралевите“ со 76-63. Клучна беше последната четвртина во натпреварот која домаќините ја добија со десет поени разлика. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Пиера Хенри со 23 поени, додека Алек Питерс уфрли 18. Кај поразените единствен расположен беше Факундо Кампацо со 17 постигнати поени.

Милано по продолженија славеше на гостувањето кај Баерн Минхен со 79-81. Двата тима играа неверојатно израмнет натпревар и во ниту еден момент ниту една од екипите не успеа да направи поголема разлика. Во продолженијата за нијанса посконцентриани беа гостите кои успеаја да стигнат до минимален триумф од 79-81. Малколм Дилејни со 17 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Вејд Балдвин постигна 18 поени.

Се вчитува...