Шарунас Јасикевичиус – позитивен на Covid-19

По само едно комплетирано коло во Евролигата веќе се појавија и првите случаи на Covid-19 меѓу членовите на елитното европско кошаркарско друштво. Тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус, е позитивен на коронавирус, покажале тестирања што биле извршени врз сите членови на каталонскиот гигант по премиерната победа над ЦСКА Москва.

Покрај Јасикевичиус, позитивен е и неговиот прв асистент Дариус Масколиунас, а според информациите од Барселона, двајцата немаат никакви симптоми на болеста. Јасикевичиус и Масколиунас се наоѓаат во домашна изолација и сигурно нема да патуваат со тимот на гостувањето против Зенит во второто коло од Евролигата.

По овие позитивни случаи, во текот на викендов ќе биде извршено ново тестирање врз сите кошаркари на Барса, по што ќе биде познато дали каталонците барем со комплетен играчки кадар ќе му се спротивстават на рускиот тим во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...