Новата сезона во АБА-лигата почна со огромно изненадување, откако дебитантот Борац Чачак славеше на гостувањето против суперфаворитот Партизан со резултат 78-87. Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека гостите цел натпревар го контролираа резултатот, во голем дел од мечот имаа двоцифрена предност, а „црно-белите“ и покрај обидите за камбек во последната четвртина не успеаја да направат целосен резултатски пресврт.
Тимската игра беше формулата за успех на Борац, петмина кошаркари стигнаа до двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Ѓоковиќ со 12. Кај Партизан најефикасни при вечерашната бламажа беа Јарамаз со 21 и Гордиќ со 13 поени.
На останатите натпревари од денешната програма во АБА-лигата Будуќност лесно и убедливо го совлада Сплит со 84-59, додека Мега како гостин го декласираше тимот на Игокеа со 62-84.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА