Бетис барем привремено се искачи на чело на прволигашката табела по вечерашната победа од 0-2 на гостувањето против Валенсија. Гостите од Севилја одлично се снајдоа, го диктираа темпото и знаеја како да ги искористат своите шанси, за да стигнат до значајни три бода на „Месталја“.
Подобрата игра беше крунисана со водечкиот гол на Каналес во 19. минута, а сите дилеми околу победникот беа разрешени откако Телјо се снајде одлично и го матираше голманот на „лилјаците“.
Бетис моментно е првопласиран со девет бода по пет одиграни натпревари, но за одбележување е дека Барса има шест бода по само две кола, a Реал Мадрид има седум бода по три одиграни средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

