Пирло: Сум видел се во животот, но Роналдо е еден и единствен

Андреа Пирло е свесен дека има исклучително тешка задача како тренер на Јувентус да атакува на трофеи во сите натпреварувања, но олеснителна околност за младиот стратег е што во својот тим го има Кристијано Роналдо, машината за голови и за освојување на пехари. Пирло не крие дека е воодушевен од Португалецот, но не само од фудбалските квалитети, туку од пристапот што големиот ас го има и во 36 година од животот.

„Сум видел се во животот додека бев играч, но слободно можам да кажам дека никој е е како Роналдо. Знаев дека е голем работник, но секојдневно ме изненадува со желбата за работа, за напредок. Тој искрено сака да биде подобар од претходниот ден, секојдневно да напредува. Прв доаѓа на тренинг, последен си оди, иако говориме за играч што има 35 години и освоил се што може да се освои. Кристијано навистина ме фасцинираше од првиот ден во клубот, тој треба да биде пример за сите останати“, истакна Пирло.

Јувентус освои четири бода по првите две кола со вкупно пет постигнати гола, од кои три беа дело токму на Кристијано Роналдо.

Се вчитува...