Предводени од Пандев, репрезентативците го одработија првиот тренинг (ВИДЕО)

Предводени од капитенот Горан Пандев, македонската репрезентација ги почна подготовките за натпреварот против Косово.

Избраниците на Игор Ангеловски попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го одработија првиот тренинг. Македонскиот селектор на располагање имаше 15 фудбалери, а останатите ќе се приклучат дополнително по добивањето на резултатите од тестовите на Ковид-19.

Последен во Скопје вечерва треба да пристигне Енис Барди. Како што е познато, Македонија на пресметката против Косово, во четврток (8. октомври), ќе биде без Елиф Елмас кој е позитивен на коронавирусот.

Се вчитува...