Комплетниот напад предводен од Горан Пандев, а дополнет со Несторовски, Тричковски, Трајковски, Велкоски и Стојановски го одработи првиот тренинг на македонската репрезентација во очекување на плеј-оф бараж дуелот од Лигата на нации против Косово.
Селекторот Игор Ангеловски на тренинг центарот „Петар Милошевски“ попладнево располагаше со 15 фудбалери, од повиканите 23, меѓу кои Горан Пандев, Илија Несторовски, Егзон Бејтулаи, Стефан Ристовски, Иван Тричковски, Стефан Спировски, Столе Димитриевски, Кристијан Тошевски, Влатко Стојановски, Даниел Божиновски, Александар Трајковски, Ферхан Хасани, Тихомир Костадионов, Крсте Велкоски…
Се очекуваат тестовите на Аријан Адеми, Езгијан Алиоски, Бобан Николов, Висар Муслиу, Дарко Велковски кои од утре ќе бидат на располагање на стручниот штаб, а вечерва се очекува пристигнувањето и на Енис Барди од Шпанија.
Македонија против Косово игра во четврток (8. октомври) од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА