Младата репрезентација на Македонија на 20 минути пред крајот на квалификацискиот натпревар со Казахстан има предност од 1-4 на гостувањето во Алмати.
Избраниците на Благоја Милевски во 48. минута од средбата дојдоа и до предност од 0-3, со нова мајсторија на Дарко Чурлинов кој прекрасно продре по левата страна и убаво погоди во мрежата на домашниот голман.
Во 52. минута Казахстанците ја намалија предноста на Македонија со голот на Омиртајев, а во 67. минута Димитар Митровски погоди и за 1-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА