Младата репрезентација на Македонија се цела жестина се одмазди на Казахстан за ремито од првиот меѓусебен натпревар во Скопје, во квалификациите за пласман на ЕП. На гостувањето во Алмати, избраниците на Благоја Милевски одиграа извонреден натпревар триумфирајќи со убедливи 1-4 (0-2).
Победата ја најави Дарко Чурлинов со вистинско ремек-дело во 38.минута. Веќе во 41. минута Јани Атанасов погоди од втор обид откако домашниот голман најпрво го одбрани неговиот шут од белата точка.
Во второто полувреме, македонската селекција продолжи со агресивниот ритам, и веќе во 48.минута нова мајсторија на Дарко Чурлинов кој носи водство од 0-3.
Откако Казахстанците намалија во 52. минута со погодокот на Омиртајев, предноста од три гола повторно ја врати Димитар Митровски во 67.минута по асистенцијата на Чурлинов.
Со овој триумф Македонија се проби на втората позиција на табелата со 13 бода, три помалку од водечката Шпанија. Во следното коло од квалификациите, Македонија на 13. октомври во Скопје го пречекува Израел во, се чини, клучниот натпревар за осигурување на втората позиција на табелата која може да значи пласман на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА