Погба: Нема да лажам, сонувам да заиграм за Реал Мадрид

Пол Погба повторно го актуелизираше своето заминување од Манчестер Јунајтед откако на прес-конференција на француската репрезентација изјави дека сонува да го облече дресот на Реал Мадрид.

„Нема да лажам, сонувам да заиграм за Реал Мадрид. Милам дека тоа е сонот на речиси сите фудбалери, а јас не сум исклучок“, изјави Погба, подгревајќи ги шпекулациите за преселбата на „Сантијаго Бернабеу“.

Добро познато е дека Зинедин Зидан сака да го доведе својот сонародник во Реал, но проблем претставува превисоката отштета од 100 милиони евра што Манчестер Јунајтед ја бара за Французинот. Сепак, сега вредноста би можела да опадне бидејќи Погба има договор со „црвените ѓаволи“ само до јуни 2021 година. Клубот има можност да активира клаузула за Погба да остане уште една дополнителна година, но во секој случај доколку не биде договорена подолгорочна соработка вредноста на овој фудбалер значително ќе падне.

„Читам многу работи за мојата иднина, се пишува дека ми е понуден нов договор, но вистината е дека се немам видено со Ед Вудворд. Нема никакви новости на таа тема“, откри Погба,.

Се вчитува...