Легендарниот Финец, Кими Раиконен во моментов е дел од тимот на Алфа Таури, но според шпекулациите кои доаѓаат од Ф1 шампионатот, можно е тој да ја вози последната година. Тој самиот тврди дека се уште не се знае што ќе биде во иднина и дека конечната одлука треба да биде донесена во следниот период.
„Ништо се уште не е одлучено. Ќе видиме. На крајот, тоа е моја одлука и ќе видиме што ќе се случи. Во мојот договор нема никакви опции за продолжување на уште година. Ништо се уште немам потпишано“, изјави Раиконен.
Тој своето деби во Ф1 го имаше веќе далечната 2001 година во тимот на Заубер, а во 2007 во болидот на Ферари успеа да стигне и до шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА