Олимпијакос ја доби првата „грчка војна“ против најголемиот ривал Панатинаикос, откако го совлада на гостински терен со 71-78. Одличната игра во одбраната беше клучот за победа на „црвено-белите“. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Јоргос Принтезис со 17 поени, надополнети со два скока и една асистенција, додека кај Панатинаикос Маркус Фостер уфрли 15 поени.
Во германското дерби Баерн Минхен едноставно си поигра со Алба Берлин совладувајќи ја со 72-90. Клучна во мечот беше втората четвртина која Баварците ја добија со неверојатни 31-9. Ник Вилер Баб со 15 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека по 14 поени уфрлија Болдвин и Лучиќ. Кај поразените се истакна Ериксон со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА