Реал Мадрид го обнови интересот за Сергеј Милинковиќ – Савиќ, тврдат италијанските медиуми. Тој повторно игра во врвна форма, беше стрелец на двата гола за Србија во елиминацијата на Норвешка (1-2) во баражот за пласман на ЕП.
Лацио минатата сезона бараше 100 милиони евра за да го продаде СМС, а оваа никој не понуди ниту приближна сума со оглед дека пандемијата на коронавирусот влијае негативно и на финансиските можности на клубовите.
Поради тешкотиите да дојдат до потписот на Погба, „кралевите“ повторно ќе се насочат кон Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Тренерот Зинедин Зидан смета дека тој би бил одлично решение за наследник на Лука Модриќ кој најверојатно ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА