Италијанецот Данило Петручи на Дукати е победник на „лудата“ трка во Мото ГП шампионатот која се возеше за Големата награда на Франција на патеката во Ле Ман. Петручи со одлично возење стигна до втората победа во кариерата во кралската класа. За првпат на победничкиот пиедастал во „кралската класа“ се најде братот на актуелниот светски шампион Марк Маркез, Алекс, кој конечно ги дочека своите пет минути сезонава. Третото место му припадна на Пол Еспаргаро на КТМ.
Во топ 10 завршија уште и Андреа Довициозо, Жоан Зарко, Мигел Оливеира, Такаги Накагами, Штефан Брад, Фабио Квартараро, и Маверик Вињалес. Валентино Роси повторно имаше пад и не ја заврши ниту оваа трка.
Во генералниот пласман Фабио Квартараро останува прв, Жоан Мир е втор, додека на третото место се наоѓа Андреа Довициозо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА