Нант се уште е без пораз во новата сезона од францускиот шампионат откако тимот на нашиот Кире Лазаров ремизираше 27-27 на дерби-дуелот од четвртото коло, на гостински терен против Монпелје.
Мечот го одбележа крајно израмнета игра, а Нант има за што да жали бидејќи домашниот состав на десетина секунди до крајот преку Симоне успеа да се спаси од пораз. Тренерот Ентрериос побара тајмаут за да ја договори последната акција, но ракометарите на Нант ја загубија топката без да упатат шут и мечот заврши без победник.
Лазаров постигна три погодоци од пет обиди, најефикасен кај Нант беше Брие со шест гола, а убедливо најдобар поединец на мечот беше домашниот ракометар Хуго Дескат, кој постигна 13 гола од вкупно 14 упатени шутеви кон голот на Нант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА