Одложено мак-дербито во Балканската лига

Двете македонски екипи во БИБЛ, Куманово и ТФТ, требаше да се сретнат уште во првото коло од регионалното натпреварување закажано за 20 октомври, но овој натпревар е одложен најмалку за седум дена.

Проблем претставува присуството на Covid-19 во редовите на скопскиот прволигаш, поради што ТФТ нема да може да почне со натпревари за една седмица.

Новиот утврден термин е 27 октомври, кога требаше да се играат натпреварите од второто коло, па БИБЛ веднаш ќе мора да почне со ротација на термините и одлагање на натпреварите ТФТ – Берое и Куманово – Ибар.

Се вчитува...