Репрезентативците подготвени: Нов мотив, силна определба да се подобри впечатокот од Естонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација го одработи последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Грузија во Скопје во 4. коло од Ц лигата на УЕФА Лигата на нации.

Игор Ангеловски, и против Грузијците ќе се спротистави со комбиниран состав, поради големите отсуство во тимот но и низ желбата да се зачуваат дел од „адутите“ пред Грузија за ноемвриското финале кое ќе го одлучува патникот на Европското првенство.

Националната арена „Тодор Проески“ денеска беше облеана со позитивна атмосфера на официјалниот тренинг, и нагласена цврста определба на фудбалерите против Грузијците утре да се подобри впечатокот од дуелот во Естонија.

 

Се вчитува...