Репрезентацијата на Грузија го одработи официјалниот тренинг на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје пред утрешниот натпревар со Македонија во 4. коло од Ц лигата во УЕФА Лига нации.
Грузијците во Скопје допатуваа без пет стандардни првотимци, на некој начин навестувајќи дека не се максимално амбициозно пред овој меч. Но, и Македонија ќе биде значително ослабена без исто толкав број стандардни првотимци.
Натпреварот е значаен, без разлика на се, и за двата тима поради фактот дека може сериозно да даде одговор кој ќе го освои првото место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА














