Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Реал М. – Химки 1 хенд.
Хендикепот е огромен (над 20 поени разлика), но „кралевите“ дефинитивно имаат капацитет да триумфираат со најмалку 30 поени над десеткуваниот состав на Химки. Русите не сакаа службено да го загубат мечот и допатуваа во Шпанија за пресметката со „кралевите“ иако имаат само седум здрави кошаркари.
Најпрвин позитивни на Covid-19 беа Воронов, Тима и Џордан Мики, а потоа позитивни се вратија и тестовите на Монро и на Барашков. Ако на ова се додаде дека повредени се главните бекови, Швед, Јовиќ и Меколум, јасно е дека единствената дилема е колку убедлива ќе биде победата на Реал Мадрид на оваа средба. „Кралевите“ немаат посериозни проблеми со составот, во минатото коло загубија од Валенсија, а денешниот дуел ќе биде идеална можност за враќање во победнички ритам.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Полска – БиХ 1 и 0-3 гола
Македонија – Грузија 1х и 2+
Англија – Данска 1
Фенербахче – ЦСКА М. 1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА