Селекцијата на Грузија, вечерашниот противник на фудбалската репрезентација на Македонија во Лигата на нации, ќе биде без дури шестмина фудбалери кои конкурираа за составот на селекторот Владимир Вајс. На вечерашниот дуел кој има голема важност за првото место во групата од Лигата Ц, Вајс нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери, Торнике Окриашвили.
Тој се жали на повреда на мускулот, а Вајс не сака да ризикува и да го загуби за финалето на плејофот, директен меч за пласман на Европското првенство што ќе го играат Грузија и Македонија на 12. ноември во Тбилиси.
Покрај Окриашвили, во составот на Грузија ќе ги нема и Гиорги Чакветадзе, Гурам Кашиа, Отар Какабадзе, Јаба Канкава и Гиорги Абурџанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА