Тренерот на кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, јавно истакна дека Евролига мора нешто да преземе поради се поголемиот број заболени кошаркари во клубовите кои се дел од најголемото европско клупско натпреварување. Тој вели дека нема големо натпреварувачко значење ако клубовите не знаат колку кошаркари имаат на располагање и повеќе мислат на проблемите со коронавирусот отколку за самите натпревари.
„Химки нема здрави кошаркари. Асвел исто така има многу инфицирани случаи. Ние имаме четири такви случаи…Би можел да набројувам и други клубови, како Барселона. Верувајте ми, Евролига го губи натпреварувачкото значење, чувството за правичност и за активност“, изјави Итудис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА