Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години се активира со подготовките за квалификациите за пласман на ЕП.
Селекторот Драган Канатларовски од 20. до 23. октомври ќе реализира собир на надежите кои во Скопје на стадионот „Петар Милошевски“ во тренинг центарот на ФФМ ќе одиграат и два пријателски натпревари со соодветната селекција на Србија.
Пријателските дуели ќе бидат искористени и за селекција на репрезентативниот кадар за официјалните квалификациски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА