Кизиќ пак е „ѕвер“: Супер-одбрана против поранешниот соиграч (ВИДЕО)

Марко Кизиќ блесна на голот на Вардар пред крајот на првото полувреме од мечот со Фленсбург, младиот голман влезе во игра при резултат 10-10 и со неколку одбранети зицери помогна „црвено-црните“ да се одлепат резултатски и на одмор да заминат со предност од два гола.

Кизиќ блескаше на неколку натпревари ланската сезона, а со овој настап само покажува дека треба сериозно да се смета на неговите услуги и сезонава.

Погледнете ја оваа одлична интервенција, кога Кизиќ успеа да го запре поранешниот пивот на Вардар, Сикошек Пелко, умешно запирајќи го неговиот удар.

Се вчитува...