Барселона стигна до третата победа во годинашното издание на Евролигата откако на домашен терен во крајно неизвесен натпревар го совлада грчки Панатинаикос по продолженија со 97-89.
Гостите подобро го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од плус пет (13-18). Каталонците подобро одиграа во вториот период и на полувреме успеаја да заминат со позитива од плус еден (36-35). Целото второ полувреме помина во егал, а со звукот на сирената Кори Хигинс промаши шут за победа по што натпреварот замина во продолженија (75-75). Во продолженијата домаќините беа доминантни и стигнаа до конечен триумф од 97-89.
Кори Хигинс со 24 поени беше најефикасен во победничкиот табор, Брендон Дејвис уфрли 20, а одличен беше и Ник Калатес кој покрај 14 поени, забележа и по 5 скока и асистенции. Кај поразените се истакна Маркус Фостер со 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА