Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) уверува дека Летните олимписки игри во Токио ќе почнат навреме, односно на 23. јули 2021 година.
„Сигурни сме дека Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат следната година. Со ова размислување одиме понатаму со последните подготовки за игрите“, изјави спортскиот директор на ИОК, Кит Меконел.
Состаноци меѓу ИОК и националните олимписки комитети се одржуваат во текот на оваа недела, а на нив присуствувааат и околу 30 спортски федерации. Седниците се затворени за јавноста, но се поизвесно е дека игрите следната година ќе бидат одржани. За потсетување ЛОИ во Токио требаше да се одржат во јули годинава, но поради пандемијата во светот ИОК и организаторите одлучија да ги одложат за една година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА