ЖРК Куманово убедливи триумфираше на гостувањето кај ЖРК Металург со 23-30 во дерби натпреварот од првата ракометна женска лига на Македонија. Кумановки со одлична игра во второто полувреме му го нанесоа првиот пораз на ривалот за титулата година во домашниот шампионат. Ангела Јанкуловска со 7 гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека Александра Боризовска постигна еден помалку. Кај поразените се истакна Марија Тасевска со 6 гола.
Претходно ЖРК Вардар исто така остана сто отстотен откако беше убедлив на гостински терен против ЖРК Шампион декласирајќи го со 17-34. Тимската игра беше клучна во убедливата победа на „вардарки“, кај кои Ивана Џатевска со пет гола беше најефикасна. Кај Шампион Димитриевска, Богоевска и Бојковска постигнаа по три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА