Дерби на Македонија: Вардар, инфериорен или не, за Шкендија секогаш – незгоден

Под специфични услови поради пандемијата на коронавирусот, но и по подолго време во една, се чини, инфериорна „форма“, Вардар ќе ја очекува дерби пресметката со Шкендија во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пред празни трибини денеска од 14:30 часот на арената „Тодор Проески“, Вардар во обид да стави крај на серијата без победа против Шкендија која трае цели три години. Иако, погледнато низ призмата на актуелната состојба во двата клуба сето тоа ќе биде тешко.

„Знаеме дека Шкендија е голем фаворит оваа сезона. Но, тоа не значи дека ние немаме свои адути. Без сомнение ќе одима на победа на натпреварот, иако објективно и реми би бил позитивен резултат за Вардар“ – вели репрезентативецот Дарко Мицевски.

„Вардарци“ немаат победа против лутиот ривал од 14. октомври 2017 година кога славеа со 4-2 во Скопје. После тој меч, Шкендија запиша шест победи а пет натпревари завршија без победник. Но, од друга страна, и Шкендија долго време не може да се пофали со триумф против Вардар во Скопје. Последен пат тетовци славеа во главниот град во октомври 2018 година.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

УТРЕ (14:30 ч.)

Гостивар: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА

Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...