Сензационалниот домашен пораз на Реал Мадрид од довчерашниот второлигаш Кадиз (0-1) и интригантниот пораз на Барселона со идентичен резултат кај Гетафе го одбележаа шестото коло во Ла Лига.
Јасно е дека секогаш е вест кога Реал и Барселона ќе загубат во Ла Лига, без разлика во каква форма се и на кое место на табелата. Но, кога и двата шпански клуба ќе загубат во исто коло тоа е посебно интересно.
Сега се случи тоа, но се една навистина историски ретка случајност. Актуелниот шампион и вицешампион на Шпанија доживеаја порази непосредно пред меѓусебната пресметка следната сабота на „Камп Ноу“.
Последен пат Реал и Барса пред „Ел Класико“ загубиле во април 2003 година. Тогаш Реал загуби со 4-2 од Реал Сосиедад, а Барселона со истиот резултат загуби на свој терен од Депортиво Ла Коруња. После тие порази во „Ел Класико“ одиграа 1-1, а стрелци беа Роналдо Назарио за домашните и Луис Енрике за гостите од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА