Во Барселона се помирени дека Лео Меси ќе си замине по завршувањето на актуелнава сезона. Клубот практично „на сила“ го задржа откако тој се повлече од идејата за заминување летово поради потенцијалниот долг и измачувачки правен процес. Но, наводно на „Камп Ноу“ им е јасно дека легендата на клубот нема да може да биде спречен да си оди во јуни.
Меси јасно ставил до знаење дека сака да се обедини со Пеп Гвардиола во Англија. Тој се обиде да си оди и во претходниот преоден рок, но наиде на отпор од клубот кој потоа доби поддршка и од Ла Лига во толкувањето на условите од неговиот договор и на клузулата за право на трансфер.
Новиот тренер, Роналд Куман раскажа дека бил кај Меси дома и дека со Аргнетинецот имале продуктивен разговор околу тоа како мирно да биде завршена оваа сезона. Меси беше крајно незадоволен од резултатскиот исход на клубот во минатата сезона, но тој има и серизони проблеми со управата, пред се со претседателот Жозеп Марија Батомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

