Шкупи пред тежок предизвик во Струмица, Достаниќ сака победа во Кратово

Екипата на Шкупи во желбата за активно продолжување на трката за врвот со Шкендија во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска пред тежок предизвик против Академија Пандев во Струмица.

Чаирчани веруваат во нови бодови од пресметката на „Благој Истатов“. Костариканецот Фреди Алварез е сигурен дека тимот ќе одигра на максимално ниво како би дошол до посакуваната победа, иако ќе биде тежок натпревар.

„Имамвме доволно време за добро да се подготвиме за овој натпревар. Знаеме дека нема да биде лесен натпревар, но и нема така лесно освојување бодови на гостински терен. Сепак, оваа сезона Шкупи е тим кој оди на победа на секој меч. Така ќе биде и против Академија Пандев“ – вели Алварез.

Меѓу поинтересните денешни натпревари секако е дуелот во Кратово каде Силекс го пречекува Работнички.

„Романтичарите“ немаат победа во Кратово повеќе од три години. Последната победа на Работнички во Кратово против Силекс беше во мај 2017 година кога славеше со 0-2. Од тогаш, во пет натпревари на домашен терен, кратовци имаат четири победи и само едно реми. Тимот на Ратко Достаниќ посакува да ја прекине таа серија и покрај тоа што денеска ќе биде без капитенот Горан Силјановски, кој ќе мора да паузира поради жолти картони.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)
Гостивар: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА
Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
ВЧЕРА
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-5

Се вчитува...