„Лавовите“ во Велес за продолжување на феноменалната серија

Во еден од најинтересени натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП денеска против Борец во Велес во обид за продолжување на извонредната серија.

„Лавовите“ се едно од најпријатните изненадувања на стартот од сезоната, водени од Жикица Тасевски, на најдобар можен начин вметнувајќи се во борбата и за самиот врв од табелата. Тимот од Ѓорче Петров на последните пет првенствени средби има четири победи и само едно реми, сега посакувајќи да продолжи феноменалната серија, Но, јасно е и дека сега се пред сериозен предизвик против уште еден тим кој извонредно гази во новата сезона, велешки Борец.

Натпреварот во Велес ќе биде и тактичко надмудрување меѓу едни од најголемите македонски стратези изминатава декада на македонската фудбалска сцена, Жикица Тасевски и Горазд Михајлов. Факт е дека дека Македонија ЃП игра во извонредна форма, но Борец сезонава на домашен терен нема ниту еден пораз, посакувајќи така да остане и по денешниот мегдан.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)
Гостивар: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА
Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
ВЧЕРА
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-5

Се вчитува...