Клоп по повредата на Ван Дајк: Не е добро…, ќе биде тешко сезонава

Вирџил Ван Дајк, еден од клучните фудбалери на Ливерпул, заработи тешка повреда уште во 6. минута на вчерашниот натпревар со Евертон во Премиерлигата.

Ван Дајк мораше да ја напушти играта, а по натпреварот беше соопштено дека ќе мора да паузира седум до осум месеци.

По сето тоа и менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп со коментар…

„Не е добро… Ван Дајк играше не знам колку натпревари по ред, често и трпејќи болки. Јасно е за каков борец станува збор. Ќе биде тешко сега“ – вели Клоп, кој смета дека морало да има и пенал во ситуацијата кога тешко беше повреден неговиот фудбалер.

„Беше тоа чист пенал, но веднаш помошниот судија го крена знамето. Мислев дека со помош на ВАР ќе видат дека тоа беше пенал, но не се случи тоа. Не велам дека Пикфорд намерно го повреди, но тоа не е старт кој голманот смее да го прави“.

Се вчитува...