Алекс Ринс победник во Арагон

Алекс Ринс на Сузуки е победник на трката за големата награда на Арагон. Второто место му припадна на Алекс Маркез кој иако стартуваше од 11 позиција со неверојатно возење успеа да ги помине конкурентите и да стигне до втор подиум во премиерната  сезонава во „кралската класа“. Третото место му припадна на  Жоан Мир кој со оваа позиција го презема водството во генералниот пласман. Во топ 5 уште се најдоа и возачите на Јамаха, Маверик Вињалес и Франко Морбидели.

Во генералниот пласман на првата позиција изби Жоан Мир кој ја искористи катастрофалната трка на Фабио Квартараро кој и покрај тоа што стартуваше од пол-позицијата не успеа да освои ниту еден бод. На третото место е Маверик Вињалес на Јамаха.

Се вчитува...