Шкупи ја освои Струмица и ја следи Шкендија, Силекс славеше во голеадата во Кратово

Шкупи успеа да го совлада тимот на Академија Пандев во Струмица со 0-1 со голот на Дембо Дарбо во 79.минута и во чекор ја следи Шкендија која се наоѓа на лидерската позиција со 21 бод. Шкупи се доближи со 19 бода и се одлепи од Македонија ЃП, која загуби со 2-1 на гостувањето во Велес кај Борец.

„Лавовите“ не искористија пенал во 60.минута преку Калид Абдул, а потоа беше досуден пенал за Борец, Стевковски во прв обид го одбрани шутот на Прелчец, но ударот беше повторен затоа што предвреме ја напуштил гол-линијата. Потоа Стевковски уште еднаш го одбрани пеналот, дури и следниот шут на Прелчец, а на крајот Оливер Пеев одбиената топка ја внесе во мрежата на гостите во 85.минута. Ѓорѓи Ѓорѓиев во 90.минута го потврди триумфот на велешани со втор гол.

Во последните мигови, Фернандо го постави конечниот резултат, 2-1.

Силекс и Работнички одиграа 4-3 во вистинска голеада, но и пенал рашомонијада. Силекс поведе од пенал со голот на Иван Ивановски во 29.минута, а Денис Ристов зголеми на 2-0 во 50.минута. Три минути подоцна намали Лука Станковски, а потоа Чумиќ израмни на 2-2. Ивановски од пенал зголеми на 3-2, потоа беше досуден пенал и за Работнички кој го реализираше Јевтовски, а Бурхан Мустафов во 94.минута донесе победа за кратовци.

Струга Трим Лум беше убедлива против Беласица и славеше со 3-0. Лена од пенал донесе водство уште во втората минута, а Миленковски зголеми на 2-0 седум минути подоцна.

Ренова и Пелистер ремизираа без голови.

ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-1

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 4-3

СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА 3-0

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 0-0

ВЧЕРА: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-5

ТАБЕЛА: Шкендија 21, Шкупи 19, Македонија 16, Борец 15, Силекс 14, Струга ТЛ 14, Работнички 11, Пелистер 11, Вардар 11, Ренова 7, Академија Пандев 7, Беласица 1.

Се вчитува...