Коронавирусот прави нови проблеми во кошаркарската Евролига. Еден кошаркар на германската Алба од Берлин е заразен со Ковид-19, потврдија од клубот. Како што се наведува во соопштението, кошаркарите се тестирани во сабота, а еден резултат е позитивен. Од клубот не открија за кој кошаркар се работи, но додаваат дека тој е во карантин. Исто така надлежните власти се известени за позитивниот случај, како би можеле да се спроведат мерки.
За потсетување тимот беше тестиран по враќањето од Русија, каде Алба изненадувачки ја совлада ЦСКА Москва. Во следното коло во Евролигата Алба на домашен терен ја пречекува Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА