Германија, Белгија и Холандија први фаворити за организација на женскиот мундијал во 2027 година

Германската, холандската и белгијската фудбалска федерација објавија дека ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на женското светско првенство во 2027 година.

„Сакаме да ги поддржиме нашите колеги од Холандија кои ја почнаа оваа иницијатива. Големо задоволство ни е овој потег и ќе направиме се што е во нашите сили да го добиеме ова натпреварување. Сигурно ќе испишеме уште една убава приказна во историјата на женскиот фудбал“, изјави претседателот на германската фудбалска федерација, Фриц Келер. 

Следното Светско првенство ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 10. јули до 20. август 2023. година, а титулата ќе ја брани репрезентацијата на САД.

 

Се вчитува...