Црвена Звезда дополнително ги засили своите редови потпишувајќи едногодишен договор со американскиот центар Џони О’Брајант. Одличниот Американец треба да биде од голема помош на тимот на Саша Обрадовиќ во битката под обрачите, позиција што беше најпроблематична за „црвено-белите“ на стартот од новата евролигашка сезона.
О’Брајант (27 години) подеднакво добро се снаоѓа и како центар и како крилен центар, а ланската сезона до моментот на прекин поради коронавирусот настапуваше за Локомотива Кубан, тим во чиј дрес во просек постигнуваше по 14 поени и пет скокови по натпревар. О’Брајант поседува и НБА-искуств0, тој во 2014 година беше драфтуван од Милвоки Бакс, тим во кој се задржа две сезони, по што по една година настапуваше за Денвер и за Шарлот.
Тој е третото американско засилување што Црвена Звезда го донесе во изминатите дваесетина дена, по Тејлор Рочести и Емануел Тери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА