Лидс Јунајтед загуби на „Иланд Роуд“ од Вулверхемптон со 0-1 и го претрпе вториот пораз по враќањето во Премиер – лигата. Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски остана на клупата за резерви на Лидс, а мечот го реши Раул Хименез со погодокот постигнат во 70.минута.
Лидс беше подобар противник во првото полувреме, но не ги искористи шансите, а Вулверхемптон со снаодлив финиш стигна до нови три бода кои го искачија на шестото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА