Златан Ибрахимовиќ со два гола изминатиов викенд донесе триумф за Милан од 2-1 во големата дерби-пресметка против Интер.
Со доаѓањето изминатата зима во Милан одлучи да потпише договор до јуни 2021 година, но во Милан планираат да го задржат и на уште подолго. Раководството на „миланезите“ подготвува нов договор за Ибрахимовиќ за соработка на дополните уште две години. Доколку тоа се случи ќе значи дека популарниот Ибра во Милан ќе игра и со 41 година!
Преговорите за продолжување на договорот со Ибрахимовиќ ќе ги води Паоло Малдини, кој и самиот играше во црвено-црниот дрес до својата 41 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА