Билиќ: Фудбалот е спорт за народни маси, не го правете како голф или поло…

Менаџерот на ВБА, Славен Билиќ, гласно ја критикуваше одлуката на челниците на Премиер-лигата за воведување нa „pay per view” услуги за овосезонските натпревари во елитното англиско фудбалско друштво. Во ситуација кога навивачите не смеат да дојдат на стадион Премиер-лигата се реши да им понуди следење на натпреварите на нивните омилени тимови, но фановите останаа шокирани откако одредената цена беше 14,95 фунти по натпревар.

Британските фудбалски фанови бурно реагираа во изминатите денови, а Билиќ е првиот кој гласно им даде поддршка во оваа борба цената да биде спуштена.

„Фудбалот е спорт за народни маси, тоа не е поло или голф, па да се игра за ексклузивна група на луѓе. Се сложувам, фудбалот не треба да биде бесплатен, но треба да биде достапен за сите да можат да си го дозволат“, истакна Билиќ.

Хрватот се уште е во исчекување на првата премиерлигашка победа со ВБА, откако синоќа ремизираше против Барнли (0-0) и по првите пет кола има две нерешени средби и три порази.

Се вчитува...